28. Aug 2011 16:54 Полицајци од Черкеско село криумчареле мигранти

А.Н.(26) и И.М.(26) од Черкеско село, двајцата вработени во полициската станица граничен надзор „Белановце“, вчера се приведени на граничниот премин  “Богородица“ под сомнение дека криумчареле мигранти.

Thumbnail

Во 05,30 часот на автопатот Гевгелија–Скопје, кај клучката за с.Удово, полицијата извршила контрола на патничко возило „БМВ“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од А.Н. во кое како сопатници биле И.М. и Х.А.(28) од Куманово.

Имено во петокот во 23.30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН „Богородица“ во близина на дискотеката „АВА“ во Гевгелија, забележано е паркирано возило комбе со скопски регистерски ознаки кое се упатило по стариот пат во правец на бензинска пумпа „Шимов“. По извесно време комбето било паркирано, а едно лице го заклучило и со горенаведеното ПМВ „БМВ“ се упатило во правец кон Гевгелија. Во просторот за багаж од комбето откриени беа 3 (три) лица државјани на Авганистан, без документи со илегален влез и илегален престој во Р.Македонија. Истите во 07,00 часот се приведени.

Двајцата полицајци и нивниот пријател се приведени во полиција и по извршениот разговор против нив е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека се сториле кривично дело „Криумчарење на мигранти“. Заедно со пријавата и доказниот материјал, тројцата осомничени се изведени пред Истражен судија.