01. Oct 2011 21:57 Полицајки се степале за паркинг
Две, кумановки-полицајки се степале за место на паркинг кај бензинската пумпа на Макпетрол на влезот во Куманово.
Инцидентот се случил вчера околу 18.30 часот, кога полицајките дошле на паркингот да ги остават своите возила, и да заминат на работа на граничниот премин Табановце. Прво пристигнала А.Л. (28) со својот автомобил фолксваген поло, а зад неа нејзината колешка А.Ш, која сакала да го паркира автомобилот на истото место. Таа почнала на висок тон да и се обраќа на А.Л.,а потоа излегла од возилото и преку отворен прозорец ја удрила со тупаница во пределот на лицето, нанесувајќи и модринка под левото око.
СВР-Куманово презема мерки за расчистување на нападот.
