29. Dec 2011 16:49 Полицијата апелира за Нова година без оружје и петарди
Вкупно 20.840 парчиња петарди и 72 ракети запленила кумановската полиција во организираните контроли на дивите препродавачи на пиротехнички матерјали во градот, изминатиот викенд.
Против шверцерите ќe бидат поднесена соодветни пријави.
Од почетокот на месецот, а особено последнава недела, превземаме засилени контроли врз правни и физички лица, на пазари, во продавници и на други јавни места, каде ќе се забележи обид за нелегална продажба на петарди и други пиротехнички средства, кои во земјава се забранети за употреба. Во пресрет на новогодишните празници, апелираме до купувачите да не ги купуваат и да не ги користат сретстават пред деца, бидејќи може да дојде до нивно повредување- вели Виолета Богдановска од Секторот за превенција при СВР Куманово.
Од таму упатувата апел до граѓаните да се воздржат од било каква употреба на оружје и пиротехнички средства и за време на Новогодната ноќ.
По тој повод утре од 11 до 12 часот на Градскиот плоштад ќе делат флаери, беџеви и друг пропаганден матерјал за да подигнат свеста кај граѓаните, Новата година да се дочека без употреба на оружје и пукање.
