10. Oct 2011 11:02 Попишувач бакнал девојче што требало да го попише
С.А. од Куманово, реонски попишувач ја бакнал во образот З.Р.(16), додека бил во куќата на нејзините родители да ги попишува.
Како што соопштува МВР, инцидентот се случил во саботата во 12.30, откако пристигнале попишувачите, па С.А., прашал каде имаат тоалет. Додека родителите останале со другиот попишувач, девојчето отишло со него да му покаже каде се наоѓа вецето. При тоа попишувачот ја фатил за рака и ја бакнал во образот. С.А. е повикан во СВР-Куманово и е писмено предупреден.
