19. Oct 2011 18:20 Пожар остави на улица две семејства
Во голем пожар денеска изгоре кат од куќа во кумановската населба „Перо Чичо„. Пожарот избувнал во една од собите и брзо се проширил на останатите простории, каде двајцата браќа живејат под кирија.
При тоа целосно е пеплосана покуќнината, а оштетен е голем дел од куќата.
Сабајле околу 8.30 часот, снаата почна да бара помош. Јас помислив дека на децата нешто им се случува, бидејќи често се болни и имааат грчеви или напади. Кога влегов во нивната соба веќе имаше голем пламен, а децата уште спијеа. Едвај успејавме да ги извадиме, и почнавме да го гасиме огнот, ама за беља немаше вода. Малку фалеше да се задушиме, па побаравме помош од соседите. Но, ништо не успејавме да спасивме. Ни изгоре се што имавме: фрижидерот, електричниот шпорет, креветите, комодата, телевизорот, музичкиот ситем,теписи, облека и сите документи. Децата нема во што да ги облечеме - вели плачејќи Трајко Василевски.
Причината за пожарот не позната, Трајко вели дека можеби да ја предизвил краток спој на електричната инсталација, а не ја исклучува и можноста децата да нашле некоја запалка.
Во ова осумчлено семјство никој не работи, а сите имаат здравствени проблеми. Живејат од социјална помош, а киријата ја плаќа државата. Стравуваат дека сега газдата ќе ги истера од куќата и затоа апелираат до сите добри и хумани луѓе да им помогнат да је истераат зимата со своите болни деца. Можат да се јават на телефонот 076 562 486.
