20. Oct 2011 16:24 Претепан обезбедувач на болница

Л.М.(51) од кумановското село Табановце-кумановско, во еден часот по полноќ е нападнат и претепан од две непознати лица, додека ја обезбедувал Градската болница во Скопје.

Thumbnail

Насилниците со клоци и тупаници удирале по главата и телото на обезбедувачот, при што му нанеле сериони повреди. По извршениот лекарски преглед било утврдено дека се здобил со тешки повреди, потади што е задржан на понатамошно лекување. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и утврдување на мотивот за нападот.

Л.М. работел во агенцијата за обезбедување „Сокол„, а бил распореден да ја обезбедува болницата „Св.Наум Охридски„ на ул.“11 Октомври“ во Скопје.