17. May 2010 12:33 Пријава за 2 грама хероин

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против З.П.(25) од Куманово за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“.

 Мината недела  при извршен претрес во домот на пријавениот пронајдени се 2,08 грама наркотична дрога „хероин“ што пријавениот имал намера да ја препродава на лица од Куманово.