03. Jun 2010 13:18 Пријава за шверц на сириште

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.П.(54) од Куманово за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.

Пријава за шверц на сириште

 Во март годинава во атарот на селото Војник, при преглед на моторно возило управувано од пријавениот, пронајдени се 1.824 литри „сирило“ кое нелегално го внел од Србија. Вкупната вредност на шверцуваната стока е 466.250 денари, со што го оштетил Буџетот на РМ за  износ од 83.925 денари.