01. Feb 2012 17:22 Пријава за тепачите во дискотеката Б2

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против  неколку кумановци кои ја предизвикале и учествувале во тепачка во дискотеката Б2.

Thumbnail

 И.И.(22) ќе одговара за сторено кривично дело тешка телесна повреда и А.Е.(22) и Д.Ц.(22), за сторено кривично дело учество во тепачка.

Во ноември мината година на ул. „Ленинова“ во дискотеката „Б-2“, И.И физички го нападнал М.С. (25) од Куманово, удирајќи го со клоци и тупаници по телото при што му нанел тешка телесна повреда, а потоа А.Е. и Д.Ц. го нападнале со стаклени шишиња и тупаници.