29. Sep 2011 14:01 Пријава за тројца насилници
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.П. (25) од с.Биљановце, Д.Ј. (30) и Т.Ј. (27), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело „насилство“.
Во август годинава во селото Старо Нагоричане, откако се напиле, пријавените насилно влегле во семејната куќа на О.Д. (33) каде започнале расправија. При тоа барале да им врати мобилен телефон и 20 евра, кои наводно ги земал од М.П. По расправијата започнале и физичка пресметка, удирајќи го О.Д. со тупаници по лицето, а откако излегле надвор со камења ги искршиле прозорците на куќата и возилото.
