29. Apr 2010 15:15 Пријави за фалсификувана стока
Кумановската полиција поднесе седум кривични пријави против Н.С. (37), од с.Голема Речица - тетовско, Д.А-П. (38), В.Р. (41), А.П. (36), С.Н. (39), Л.Т. (45) и А.Љ. (35) сите од Куманово, управители на трговски фирми лоцирани во Куманово, за сторени седум кривични дела „неовластена употреба на туѓа фирма“.
На 19.02.2010 година, СВР Куманово во соодејство со Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост изврши контрола во фирмите на пријавените при што пронајде 780 парчиња фалсификувана текстилна стока: фармерки, блузи, кошули и другиод брендовите „армани“, „дизел“, „левис“, „кавали“ „босс“, „томи хилифигер“, „лакоста“, „пума“ и сл.
















