27. Dec 2011 15:29 Пријави за лажни профили на ФБ

 Кумановската полиција во два одвоени случаи поднесе кривична пријава против С.С.(44) и Д.С.(21) од Куманово за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Thumbnail

Во текот на 2010 година, С.С. без согласност на неговата поранешна сопруга М.С.(35) од Куманово, ги користел нејзините лични податоци на социјалната мрежа „facebook“ и креирал лажен профил, преку кој објавил нејзини фотографии и коментари со навредлива и вулгарна содржина. Во повеќе наврати во нејзино име остварувал и контакти со други корисници на мрежата.

Во вториот случај Д.С. без согласност на Ј.К.(21) од Куманово исто така на „facebook“ без нејзино знаење објавил повеќе фотографии и коментари, а  контактирал и нејзини пријатели на мрежата.