26. Jun 2010 15:01 Притворен дилер на дрога

 Истражен судија од Основниот суд му одреди притвор на С.З.(26) од Куманово за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори.

 Полицијата по предходно добиени сознанија, го претресла С.З.и кај него во најлонска кеса пронаѓла спакувани 3,12 грама хероин и 0,23 грама кокаин, наменети за продажба. С.З. од порано и познат на полицијата како дилер на дрога, при што неколку пати заработувал кривични пријави за истото дело.