06. Sep 2011 13:59 Притворени лицата што го истепаа момчето од Tабановце
Ф.М.(42) од Германија, а привремено престојува во Табановце и Д.А.(20) од Горно Коњари заработија притвот во траење од 30 дена поради тоа го истепале М.М. (18) од Табановце.
Тие ќе одговараат за сторено кривично дело „учество во тепачка“. Инцидентот се случи на први септември, околу 16,00 часот, во с.Костурник, додека М.М.(18) и Б.Ј.(22), двајцата од с.Табановце се движеле со „форд орион“ накај дома слушајќи гласна музика. Тогаш дошле до поголема група на граѓани, меѓу кои биле и пријавените и паркирано патничко возило „фолксваген шаран“ на патот. Двајцата приведени со камен им ја скршиле шофершајбната од возилото, по што физички го нападнале М.М., нанесувајќи му повреди тешки телесни повреди по телото. Момчето е задржано на лекување во Скопје. Насилниците во Oсновниот суд во Куманово се бранеле со молчење.
