30. Apr 2010 10:44 Продал мобилен телефон, па пријавил дека го украле
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против правното лице „Германос-Телеком“ АД Скопје и К.Н. (32) од Скопје, раководител во „Германос“ за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
Во ноември минатата година, во СВР Куманово K.Н. лажно пријавила дека во продавницата на „Германос“ во Куманово е извршена кражба на мобилен телефон, иако истиот бил продаден на лице од Крива Паланка.
















