12. Aug 2011 11:13 Пуштал порно филм на ќерката на својот пријател

 Д.Т.(44) од Куманово ја терал малолетната ќерка на својот пријател со него да гледа порно филм.

Thumbnail

Кумановецот на 30 јули  отишол во куќата на  Б.Б., каде била присутна неговата 13-годишна ќерка, и на ДВД-плеер пуштил да гледаат цедиња со порнографска содржина. Кога девојчето се спротиставило, пријавениот и оставил 500 денари за да не го пријавува случајот.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Т. за кривично дело прикажување порнографски материјал на малолетник.