07. Nov 2011 13:14 Разбојници со селотејп врзале жена
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.Ј.(27) од Куманово и уште две непознати лица, за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид.
На 28 октомври во 13,00 часот во Куманово на ул. „Васил Главинов“ пријавените вооружени со пиштол заѕвониле на вратата од домот на М.А. (55). Кога жената им отворила, разбојниците ја нападнале удирајќи ја со пиштолот по глава. Потоа со селотејп лента и ги врзале рацете и нозете и побегнале.
