15. Dec 2011 15:47 Се чукнаа Брза помош и корса
На улицата „Братство Единство„, покрај Градската џамија денеска во 15 часот се судрија возило на Брза помош и опел корса. До сообраќајката дојде при разминување на возилата.
Се закачија на задните страни, при е причинета помала матерјална штета, искршени се фаровите и има оштетувања на лимот. Увид на лице место изврши полицијата. Улицата „Братство Единство„ е многу фреквентна, а постојано се паркирани автомобили кои го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот.
