18. Jun 2010 11:35 Се обидел да ограби продавачка, ама го фатиле
Ф.Ј. (28) од Куманово се обидел да ограби продавачка во продавницата Супер Срк. Завчера околу 16.45 часот на ул.„Трета МУБ„ кај зелениот пазар, пријавениот со употреба на физичка сила се обидел да изврши разбојништво над вработената А.И. во продавница „Супер Срк„.
Жената почнала да бара помош, по што крадецот се исплашил и почнал да бега. Случајните минувачи го фатиле пред продавницата и викнале полиција.
СВР Куманово, ќе поднесе кривична пријава против Ф.Ј. за сторено кривично дело „разбојништво во обид“, кој е познат сторител на тешки кражби и кражби.
















