05. Aug 2011 12:50 Се запалил гаснејќи пожар
Ф.Р.(46) од с.Лојане се здобил со изгореници по телото обидувајќи да изгасне пожар што го запалил неговиот сосед во селото Табановце.
Од запалено стрниште пожарот се проширил во неговата нива, при што го зафатил и тракторот. Ф.Р. се качил на тракторот, и со вода се обидел да го изгаси пожарот, при што се здобил со силни изгореници во пределот на рацете. СВР-Куманово превзема мерки за расчистување на случајот.
