14. Nov 2011 11:07 Се запалил од цигара, па се задушил
Власто Ј.(48) во петокот поладне бил пронајден мртов во неговиот дом во селото Пузаљка, Општина Старо Нагоричене.
Безживотното тело го пронашол сосед, кој дошол да го посети, и веднаш ја известил полицијата. По извршениот увид било утврдено дека на телото нема траги на насилство, а најверојатно смртта настапила како последица на задушување. Телото е предадено на обдукција од каде треба да се утврди точната причина на смртта. Покрај креветот на кој лежел починатиот биле најдени запалени алишта. Според истрагата облеката се запалила од жарче од цигара, откако Власто легнал да спие под дејство на алкохол. Се претпоставува дека му се запалила кошулата, кој ја соблекол и фрлил. Но чадот од неа бил фатален.
Мештаните кажуваат дека Власто бил добар човек, но постојано бил пијан. Живеел сам во куќата откако му починале родителите.
