07. Dec 2011 10:00 Со секира нападнал електричари што му ја секле струјата
А.М. од селото Матејче нападнал двајца електричари на ЕВН, затоа што сакале да му ја исклучат струјата. Инцидентот се случил завчера околу 13 часот, кога екипа на ЕВМ заминала во селото да ги исклучи потрошувачите кои не плаќаат електричка енергија.
Кога еден од вработените се качил на бандерата пред куќата, А.М. кога дознал што се случува се вратил во куќата, земал секира и сакал да ги нападне. Електричарот успејал да му ја одземе секирата и ја фрлил во дворот, по што насилникот почнал со камења да фрла по нив, но не ги погодил. СВР-Куманово превзема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
