29. Aug 2011 16:06 Со скршена глава побарал помош од соседот
Т.С.(50) од с.Биљановце, вчера во 17.35 часот со видливи повреди на главата дошол во викендичката на И.Ф. и побарал помош.
Соседот го пренел Т.С. во кумановската болница каде му била укажана лекарска помош, а потоа како итен случај е пренесен и задржан во Ургентниот центар во Скопје. СВР-Куманово превзема мерки за расчистување на случајот и откривање на околностите под кои Т.С. се здобил со сериозни повреди по главата.
