12. Dec 2011 13:36 Советници спасуваа повредени во сообраќајка

Кумановските советници први помогнале на настраданите во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Радовиш-Штип. 

Thumbnail

 Советниците се враќале со комбе од прославата на Денот на Струмица, кога пред нив се судриле џип и мерцедес кои се движеле во спротивна насока. Искуството и присебноста на нивниот возачот, биле пресудни и тие да не удрат во попречените возила на патот. Веднаш притрчале да помогнат и успејале да реанимираат еден од повредените, додека две лица починале на самото место.

   Излеговме од кривина на патот и наидовме на страотна глетка. Предните страни на возилата беа целосно  однесени. По првиот шок веднаш се прибравме и почнавме да ги извлекуваме. За двајца мажи во мецедесот повредите биле фатални, а додека возачот кој испаднал од колата му пруживме прва помош и со возило на „Македонија пат„ беше пренесен во радовишката болница. Кратко потоа со итна помош го однесоа во штипската болница- раскажува еден од советниците.

Во страотната сообраќајка починала две лица од Штип, а три од Богданци се повредени. Причината за несреќата не е позната.