27. Jan 2012 18:18 Спасени завеани учители во Брест и Малино
Со хеликоптер на АРМ напладне се евакуирани наставници од училиштата во липковските селата Брест и Малино.
Наставниците биле блокирани во селата заради лошите временски услови и најновите врнежи од снег кои наместа достигнале и до два метри, поради што биле оневозможени да се вратат со нивни возила.
Тие утривава стапиле во контакт со Центарот за управување со кризи и во координација со Оперативниот центар на ГШ на АРМ ангажиран е хеликоптер за евакуација на дванаесете наставници.
Денес, околу 12 часот акцијата е успешно извршена и сите лица се евакуирани и донесени во Скопје.
