30. Dec 2011 13:47 Старите лични карти да се заменат до крајот на февруари
Граѓаните кои не извршиле замена на старите лични карти со нови биометриски лични карти, должни се тоа да го направат најдоцна до 27. февруари наредната година.
Министерството за внатрешни работи потсетува дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот, личните карти издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдолго до пет години.
Согласно Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, пасошите издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон, продолжуваат да важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во пасошот, но најдолго пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон, односно старите небиометриски пасоши важат до 27.02.2012 година.
Сите граѓани во Република Македонија кои немаат важечка лична карта, поради изминат рок, или изгубена, можат без закажување веднаш да поднесат барање за издавање на нова лична карта во подрачните единици на Министерството според нивното живеалиште.
