25. Jan 2012 14:07 Тешка сообраќајка кај Прешево

Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Табановце - Врање, во која учествувало возило со македонски таблички, едно лице загинало, а неколку се повредени пренесуваат српските медиуми.

Thumbnail

До сообраќајката дошло кога камион со грчки регистарски ознаки удрил во патничко моторно возило со македонска регистарација.

Автомобилот влетал под камионот и поради тоа не е познат бројот на загинати и повредени.

Несреќата се случила во 6.30 часот кај селото Жујинце, кај Прешево, поради што магистралниот пат бил затворен извесен период.