20. Jun 2010 13:41 Украле кабел на железничка пруга
Вчера во 13.50 часот на пругата Куманово-Скопје, кај место викано „Превој“, непознати лица извршиле кражба на контактен кабел во должина од 15 метри.
Поради тоа железничкиот сообраќај помеѓу овие два града се одвива отежнато. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање и казнување на крадците.
















