22. Nov 2011 11:46 Во кола носел берета

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.И. (65) од село Лопате, за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Thumbnail

Во септември годинава во селото Лопате при извршен претрес на неговото возилото, пронајден е пиштол „пиетро берета“ калибар 7,65 мм, една рамка и два куршума калибар 7,65 мм.