12. Jan 2012 10:18 Во Кривопаланечко момче смрзна во снег
Ивица Стојановски(27) од кривопланечкото село Подржикоњ, е пронајден мртов во близина на неговата куќа.
Безживотното тело на момчето го пронашле негови соселани, кои повикале полиција. Од извршениот увид било утврдено дека на телото нема траги на насилство и Ивица починал од премрзнување. Телото не е предадено на обдукција.
Жителите на селото кажуваат дека Ивица критичниот ден, во понеделникот бил виден во селската продавница во соседното планинско село Огут. Во попладневните часови, тргнал накај дома, и најверојатно под дејство на алкохол, а од силното невремето не успејал да стигне. На педесетина метри од куќата паднал во снегот и премрзнал.
Соседите велат дека петчленото семејство Стојановски било многу сиромашно и живеело од социјална помош.
Полицијата и лекарите за да излезат на местото на несреќата морале два часа до одат пешки во еден правец, бидејќи селата биле завеани со снег, а патиштата непроодни.
