24. Oct 2011 17:01 Во Лојане украдени 80 иљади евра и накит

Околу 80 000 евра, златен накит и мобилни телефони украле тројца маскирани и вооружени разбојници од куќата на Б.Р.(34) од липковското село Лојане. 

Thumbnail

Грабежот се случил синоќа во 20.30 часот, додека сопственикот бил дома. Разбојниците ја скршиле влезната врата, влегле во собата и го впериле оружјето кон децата што биле со него за да не бараат помош. Потоа почнале да го удираат Б.Р. со пиштол по главата присилувајќи го да каже каде ги крие парите и златото. Откако го пронашле несесерот во кој стоел пленот си заминале, а повредениот веднаш е префрлен во кумановската болница каде му се санирани повредите.

Во СВР Куманово досега привеле десетина осомничени на распит. Полицијата се сомнева дека грабежот го извршиле лица кои се блиски со семејството на нападнатиот, бидејќи знаеле дека тој дома чува поголема сума пари. Од таму велат дека, додека не го разрешат случајот не можат да потврдат дали во разбојништвото се вмешани и мигранти кои престојуваат во селото и чекаат на диво да ја поминат македонско-српската граница. Жителите од Лојане бараат од полицијата да го решаи проблемот со со стотиците мигранти бидејќи се плашат за својата безбедност.