16. Jun 2010 10:44 Во трафика продавал шверцувани цигари

 СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Б.(37) од Куманово за сторено кривично дел по член 60 од Законот за акцизи.

Во трафика продавал шверцувани цигари

 На неутрврден датум пријавениот од непознати лица од пазарот во Куманово набавил 216 паковки цигари без контролни маркици, по што ги пуштил во промет во трафика во Куманово. Дел ги чувал во магацин, притоа одбегнувајќи да плати акциза во износ  од  5.832 денари.