16. Jul 2010 15:55 Запленети запалки

 8.500 запалки со ознака на трговската марка БМВ се откриени при царинска контрола на контејнер натоварен со стока со потекло од Кина.

Запленети запалки

Стоката била пријавена за увозно царинење на царинската испостава Куманово, од фирма увозник од Скопје.

Поради основано сомневање дека се работи за фалсификувана стока, а согласно одредбите од Законот за заштита на правата од интелектуална сопственост, Царинската управа ќе започне постапка за утврдување на оригиналноста на стоката.