01. Sep 2011 13:17 Заработил пријава за 5 семки канабис
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.А. (22) од Куманово, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Во јуни годинава при преглед во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени пет семки од растението канабис сатива.
