18. Nov 2011 13:06 Засадил канабис во нива

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.А. (48) од селото Опае, за за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Thumbnail

Во септември годинава пријавениот се договорил со жител на селото да ја обработува неговата нива, по што набавил семе од растението „канабис сатива“ и го засадил заедно со земјоделските производи. При преглед во нивата се пронајдени 10 стебла од растението „канабис сатива“.