12. Jul 2010 16:30 Заскитан куршум оштетил автомобил
Автомобил „сеад ароса„ сопственост на М.Ј.(26) од Куманово, вчера бил оштетен од заскитан проектил од огнено оружје. Сопственикот околу 16.00 часот забележал дека колата која била паркирана на тротоарот пред куќата на предната хауба е оштетена.
Повикал полиција и по извршениот увид било констатирано дека оштетувањето е направено од залутан проектил од огнено оружје. Куршумот е подигнат од лице место и ќе биде доставен на вештачење. СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

























