23. Jan 2012 13:04 Застрелан жител на Липково
Б.Д.(40) од селото Липково се здобил со две прострелни рани во пределот на левата надколеница и карлицата, кога во него од пиштол пукало непознато лице.
Вооружениот напад се случил викендот во близина на чајџилница во селото.
Повредениот е пренесен во Кумановската болница, а по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар-Скопје.
СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
