26. Sep 2011 14:04 Зел 400 евра да и го реновира домот и исчезнал
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.З. (34) од Куманово, за сторено кривично дело „измама“.
Во август годинава пријавениот ја излажал В.С. (46), дека ќе и го реновира домот, а откако и зел 24.000 денари ги прекинал сите контакти со неа.
