Bucen Kozjak
20. 04. 2017 14:34

Исчезнатиот малолетник пронајден во Сити Мол

Исчезнатиот малолетник пронајден во Сити Мол

Момчето, кое во неделата исчезна од својот дом во селото Младо Нагоричане, синоќа е пронајдено во трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје.

Седумнаесетгодишното момче излегло од дома на Велигден и повеќе не се вратило. Откако не успејале да го пронајдат, наредниот ден семејството го пријавило случајот во полицијата.

Од извори вклучени во истрагата дознаваме дека тој во меѓувреме се вклучувал и пишувал на неговиот Фејсбук профил, па се знаело дека се крие во Куманово или Скопје.

 Се претпоставува дека побегнал од дома затоа што семејството е многу сиромашно, а мајка му тешко болна.




Nace Budjoni
Ghetaldus
Tv Plus
Zafir Sajto
Zafir Sajto
Level
Parking
Kvatro
NER
Srecni praznici
stuz
Bravo