19. Oct 2011 10:24 99 години од Кумановска битка
На 23 октомври се навршуваат 99 години од познатат Кумановска битка која се случила на м.в. Зебарник во селото Младо Нагоричане.
По тој повод општината Старо Нагоричане во недела организира парастас за загинатите војници. Пред споменикот Зебарник во 11 часот, венци и цвеќе ќе положат делегации од Македонија и Србија, по што ќе следи културно забавна програма и посета на црквата „Свети Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане.
