05. Oct 2011 11:59 Бајловци се собраа на селска средба

Викендов во селото Бајловце, се одржаа третите по ред „Бајловски Средби 2011“, под покровителство на општина Старо Нагоричане, а во организација на Здружението „ Козјачија во срцето“.

Thumbnail

 Манифестацијата ја отвори градоначалник Миодраг Јовановиќ.

Културно уметничката програма ја збогатија Тања Јовановска со група „Акорди“, хумористична група „Куманија“, КУД „Срма“ и учениците при О.У. “Христијан Карпош“ од Младо Нагоричане.

„Бајловски Средби“ покажаа дека народот од овој крај, кој е иселен во претходниот период, доаѓа на овие средби да даде подршка за развој на овој крај.

Бајловци се собраа на селска средба