11. Jan 2012 16:19 Библиотечните книги на интернет
Членовите на библиотеката "Тане Георгиевски" можат да пребаруваат и да резервираат книга по интернет.
Оваа новина може да се користи бидејќи над осумдесет одсто од книгите за возрасната публика се внесени во електронскиот каталог, како дел од активностите на проектот за автоматизација на библиотеките.
"Автоматизирањето овозможува и зголемување на бројката на читателите. Засега дневно во делот за возрасни поминуваат околу 100 читатели. Минатата година опцијата за пребарување ја користеле 1700 корисници, а извршени се над 6.000 пребарувања. Бараната книга добиле над 3500 корисници"-вели Нада Ивановска директорка на библиотеката.
Пребарувањето се врши преку програмата кобис.
Библиотеката лани набавила 4,5 иљади нови книги за што потрошила 700.000 денари.
