21. Sep 2011 15:20 Денови на комедија во октомври

 Меѓународната театарска манифестација Денови на комедија и оваа година ќе се одржи во октомври. Кумановската публика во 15 вечери ќе има можност да види десетина тетарски претстави од земјава и странство.

Thumbnail

Според информации од организаторите веќе се договорени настапите на тетарските куќи: МНТ, Драмски театар, театрите на Охрид, Велес, Прилеп, Белград Србија, Пеќ Косово, Ќустендил Бугарија и 3 стендап комичари од Босна, Хрватска и Македонија.

Претставите ќе се играат во големата сала на Центарот на култура.