10. Nov 2011 09:38 Флеш моб на Градскиот плоштад
На Градскиот плоштад Куманово во недела ќе се одржи флеш моб каде младите преку танц ќе промовираат позитивно однесување во училиштата.
Кампањата е дел од сеопфатната програма за намалување на насилството во училиштата која се спроведува со подршка од УНИЦЕФ. Целта на кампањата е да ги потикне раководителите и вработените во училиштата, наставниците, родителите и самите ученици зедно да преземат акција за создавање на училишта во кои сите ќе се чувствуваат почитувани, безбедни и вреднувани.
Промоцијата на проектот ќе трае од 12 до 13 часот.
