07. Oct 2011 11:48 „Фото-Салон“ по шести пат

Во организација на Фото кино клубот „Козјак 50“, вечерва во Уметничката галерија ќе се одржи шестиот по ред „Фото-Салон Куманово 2011“.

Thumbnail

На изложбата ќе бидат поставени  над 1000 фотографии од кои: 300 на „Слободна тема“, 406 во „Слободна тема колор техника“, 223 во темата „Природа“ и 185 во темата „Живот“.

На конкурсот за изложбата пристигнале 4412 фотографии од 452 автори од 58 земји. Најдобрите ги одбрало жирито во состав Душко Јовановски, Цветан Гавровски и Раша Михајловиќ.

Сите пристигнати фотографии се со специфични културни карактеристики, а самиот салон успеа да ги спои различните култури, од нашето поднебје и пошироко на едно место и тоа на најуспешен начин, преку естетиката на фотографијата.

Изложбата започнува вечерва во 20 часот во Уметничката галерија.