06. Jul 2010 16:48 Гран При за „Панче Пешев„

 Кумановското културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ на 36  Меѓународен фестивал на народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“ во Долнени е добитник на годинашното гран при, статуетка на гајдаџија.

Гран При за „Панче Пешев„

 Гран При наградата ја додели заменик министерот за култура Драган Недељковиќ кој му посака долговечност на фестивалот и гости од повеќе земји од Европа.

На годинашниов 36. Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски” во трите фестивалски дена учествуваа 200 изведувачи на изворни песни и на инструменти - гајда, тапа, зурла, кемене. Освен од земјава, гости дојдоа од Бугарија, Србија и од Словенија.