04. May 2010 11:49 Изложба на карикатури и афоризми

 Вечерва во изложбениот салон на Центарот на култура ќе биде отворена изложба на карикатури од Меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура “Струмица 2010“.

Изложба на карикатури и афоризми

 На публиката ќе и бидат претставени карикатури и афоризми со еротска и карневалска содржина од Единаесетиот фестивал што се организира секоја година за време натрадиционалниот  Струмички  карневал. Учествувале творби речиси од  ситеконтиненти, од четириесет земји во светот.

Карикатурата не е само смислен коментар на дадена тема и афоризмот не е само духовита мисла со својство на парадокс! Тие се неопходната дистанца, нужната деформација за  да ги видиме и именуваме нештата со  вистинското име. Отварањето е закажано за 20 часот.