30. Nov 2011 10:08 Изложба на меѓународна уметничка фотографија

 Утревечер со почеток во 19.30 часот, во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово ќе биде отворена Втората меѓународна изложба на уметничка фотографија “Куманово 2011“.

Thumbnail

  На изложбата ќе бидат прикажани 77 фотографии од 8 земји САД, Сингапур, Макао, Индија, Хрватска, Србија, БиХ и Македонија. На отворениот конкурс од страна на секцијата Ф-7, која работи при Центарот за култура во Куманово се пристигнале  249 фотографии, кои се селектирани од стручното жири: Цветан Гавровски, Боро Рудиќ, и Душан Доцевски. Изложбата е под патронат на ФИАП од кoја се обезбедени и наградите и дипломите. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 14.декември.