21. Nov 2011 11:21 Изложба на слики од Детскиот ликовен камп

Во Центарот за култура утре вечер ќе биде отворена изложбата на слики од Детскиот ликовен камп „АСНОМ„.

Thumbnail

На изложбата ќе бидат презентирани делата на децата од основните училишта во градот што со своите ментори ги создадоа на првиот летен камп што се одржа во Пелинце. Изложбата ја организира Фондацијата за култура и спорт под покровителство на локалната самоуправа. Почетокот е закажан во 19.30 часот.