29. Sep 2011 09:50 Изложба на слики од Струмичката колонија

 Вечерва во 20 часот во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена 48-та Меѓународна струмичка ликовна колонија.

Thumbnail

Изложбата содржи четириесетина дела – слики, мозаици и скулптури на 19 уметника и тоа:Газанфер Бајрам – Македонија, Александар Белугин – Русија, Миодраг Миша Вемиќ – Црна Гора, Марeике Дробни – Германија, Ана Лаковиќ - Црна Гора, Паулина Линферт – Полска, Мирјана Крстева Масети – Македонија, Анна Даниа Мерска – Полска, Игор Мишев – Македонија, Синиша Новески – Македонија, Неслихан Озгенц – Турција, Ахмет Озел – Турција, Марјан Пецев Захов – Македонија, Барбара Равникар – Словенија, Светлана Солодовникова – Русија, Ѓорѓи Томовски – Македонија, Александар Филев – Македонија, Делија Чаучева – Бугарија и Тони Шулајковски – Македонија.
     Изложбата ќе биде поставена до 13 октомври. Организатор и координатор на оваа колонија е Националната установа Центар за култура “Антон Панов“ – Струмица.